Уба­ви­ци­те од скопското корзо

Previous Topic Next Topic
 
Posted by Maketo Maketo
      Options
пи­шу­ва Данило Коцевски

На почетокот беше џафте корзо. Зошто џафте корзо? Од каде доаѓа тоа име? Ова корзо главно го опфаќало шеталиштето од Маџир маало до Нов мост (денешен "Холидеј ин"). Прифатливо објаснување за името имаше поз­на­ти­от новомаалец доктор Поп-Христов.

Во тогашните зафатени скопски се­меј­ства имало бројни домашни помошнички, кои меѓу првите започнале да го користат овој простор како корзо. Се разбира, подоцна скопското кор­зо не признаваше социјален статус, важни беа слободата на ше­та­ње­то, дружењето, убавината, младоста, можноста за непосредни контакти и за­поз­на­ва­ње. Иако беа препознатливи одделни сектори кои беа ка­рак­те­рис­тич­ни за младите или за повозрасните момци и девојки (пред рес­то­ра­нот "Метропол"), сепак, сите тие претставуваа едно единствено јадро на кор­зо­то. Се кружеше на тротоарите околу Плоштадот (две редици шетачи се движеа во спротивен правец), потоа од денешниот "Пелистер" до Ста­ра­та железничка станица. Нашето корзо на гимназијалци, спроти скоп­ски­от земјотрес, се наоѓаше на сегашниот Кеј, под прекрасните костени кои де­нес не постојат. По земјотресот, корзото постоеше дури до се­дум­де­сет­ти­те години, кога младите се собираа пред Ристиќевата палата, пред про­дав­ни­ца­та на Кооператива (денешен "Лондон") или пред слаткарницата "Ше­хе­ре­за­да".
По­себ­на приказна, која и ден-денес се раскажува, се убавиците од скоп­ско­то корзо. Денес се одржуваат најразлични натпревари за мис, но да се би­де кралица на скопското корзо беше нешто сосема друго. И многу по­ве­ќе. Тие девојки беа препознатливи и предизвикуваа исклучително вни­ма­ние со нивниот шарм и убавина, имаа специфична магија која ги прив­ле­ку­ва­ше сите. Во периодот помеѓу двете војни имало повеќе такви убавици, оние од Скопскиот факултетот, од уметноста и естрадата, но не само тие. Ед­на од најгласовитите во тоа време е скопската убавица Мира Шлам­бер­гер.
За шармот на артистките од Театарот не треба посебно да се зборува: не­за­бо­рав­на­та Мери Подхрадски, потоа Мери Оливиери или г-ца Вера, ко­ја во триесеттите години важела за мис на модата. Госпоѓицата Берта Ла­пе­ри­ер, виртуоз на виолина, предизвикувала воодушевување кога ќе се по­ја­ве­ла, и во концертните сали и на корзото. Исто како што по војната мно­гу шармантни дами од нашата уметност, музиката или театарот пре­диз­ви­ку­ваа посебно внимание на корзото.
Во шеесеттите години речиси се­ко­ја генерација средношколци имаше своја убавица идол. А големите скоп­ски љубовни романси се создаваа кога таква убавица беше во врска со некој славен фраер од корзото, каков што беше пред и по скопскиот зем­јот­рес легендарниот Тули (денес живее во САД).

След­на­та са­бо­та:
Вни­ма­ние, Чарли Чаплин во ки­но "Нап­ре­док"

http://www.vest.com.mk/?ItemID=42B2DC20C57CD241AC7C470750FAD219