Горан Михајловски: Ста­ро радио

Previous Topic Next Topic
 
Posted by Maketo Maketo
      Options
Завидувам на тие што ги споија празниците и викендов, па избегаа над­вор од земјава. Не се белки толку мазохистички расположени, па би­деј­ќи не можат да гледаат вести на телевизија, да им текне да отвораат вес­ти на Интернет. На тој начин се спасуваат од редовната празнична доза на труење.
Де­нот на независноста го прославивме со потсетување колку ни била, кол­ку ни е и колку ќе ни биде неуспешна државата. Еве како:
Бран­ко славеше посебно. На една височинка над скопско Драчево ги соб­ра сопартијците, се прекрсти пред црква, запали свеќа и порача дека ид­ни­на­та на земјата е доведена во прашање, загрозена е ЕУ и НАТО пер­спек­ти­ва­та, економијата пропаѓа, сиромаштијата расте, не се знае што е власт, а што криминал, што е полиција, а што е мафија.
Пре­ми­е­рот од височинката на Охридското кале му врати: "Бранко Цр­вен­ков­ски го опишува неговиот мандат со криминалите и неработењето. Мис­лам дека подразмислил малку и зборува за работите кои тој ги правеше". Де­мек - кој си вика, за себе си вика.
Во право е Бранко кога вели дека е загрозена иднината на Македонија. Но не само поради оваа власт. Туку и поради тоа што немаме опозиција.
Бран­ко мисли дека за да го победи Никола, доволно му е на празник само да ги сподели со народот катастрофичните фантазии за иднината на др­жа­ва­та. А Никола се занесува дека е успешен, само ако се спореди со Бран­ко. Едниот рече дека земјата е ужас. А другиот му одговори: "Беше ужас и во твое време".

2 На најголемиот ден, ние се занимававме со катастрофичните фантазии на опозицијата и со саркастичното мудрување на власта. Така е секој 8 Сеп­тем­ври, еве веќе 19 години. Така е и секој Илинден сите овие години от­ка­ко Македонија стана независна. Ви текнува на циркусите од Мечкин Ка­мен секој Втори август, нели? Уште од кога Сребра го плукна Киро со не­поз­на­та течност во шише од вода, па до денес.
По­ми­наа 19 години, а ние уште не можеме да се помириме со фактот дека Ма­ке­до­ни­ја е независна држава. Затоа и сите други нè престасаа. Оти прет­пос­тав­ка­та независна подразбира и зрело и одговорно однесување. А нам, ту Грција ни е крива, ту Бугарија ни е крива, ту Србија ни е крива, ту Ко­со­во ни е криво, ту Албанците прават проблеми, ту Црквата не ни е приз­на­та, ту криза не фати, ту опозицијата не чини, ту Европската унија не е принципиелна, ту Американците ни го вртат грбот...
Пред 19 години никој не очекуваше дека ќе биде лесно. Тешко е, ама ќе ба­раш чаре. А ние бараме виновници оти не можеме да успееме. Еднаш ко­га ќе тргнеш да бараш виновници, постојано ќе ги наоѓаш.
И од себесожалување, еве до кое дереџе дојдовме. На најголемиот праз­ник не можеме да му се израдуваме.

3 Прет­се­да­те­лот Ѓорге Иванов се пофали дека во вилата "Билјана" во Ох­рид нашол некое старо радио и самиот го поправил. Изгледа дека Ѓоле на ста­ро­то радио слуша и стари вести. Па постојано раскажува што се слу­чу­ва­ло во 1995 година. И како тогашното државно раководство пропуштило шан­са за НАТО и за почеток на преговори со ЕУ.
Би сакал да го потсетам Ѓоле две работи. Прво дека сега не сме 1995 го­ди­на туку 2010. И второ дека во 2010 година тој е Претседател на Ма­ке­до­ни­ја. Нека го прифати еднаш тој непобитен факт. Ние го прифативме. И не­ка почне, конечно, да се меша во својата работа.

4 Ни­ко­гаш Македонија нема да стане членка на Европската унија. Затоа што веќе станавме Америка.
Се радуваме на отворање на секој голем трговски центар. И ос­мо­од­де­лен­ки се проституираат за да можат да си купат скапи крпчиња во трговските цен­три.
А на родителите им е виновна државата оти децата им се дебели и ане­мич­ни, а девојчињата на детски фестивали пеат за дечковци, облечени во цр­ни мрежести чорапи, нашминкани повеќе од мајките.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=CC04BC1B10F79E4EA9C2592C0EB0EA1A&arc=1