Нај­поз­на­ти­от скопски градоначалник

Previous Topic Next Topic
 
Posted by Maketo Maketo
      Options
Ако би тре­ба­ло да се избира најпознатиот или најзаслужниот меѓу најзаслужните, секако би бил избран градоначалникот од периодот меѓу двете војни, инж. архитект Јо­сиф Михајловиќ

Пи­шу­ва: Данило Коцевски

Пос­то­јат повеќе личности во Скопје што се заслужни за неговиот развој, за мо­дер­ни­от урбанистичко-архитектонски лик. Меѓу нив, секако, спаѓаат и гра­до­на­чал­ни­ци­те (претседателите на Општината), пред и по Втората светска војна. Но ако би тре­ба­ло да се избира најпознатиот или најзаслужниот меѓу најзаслужните, секако би бил избран градоначалникот од периодот меѓу двете војни, инж. архитект Јо­сиф Михајловиќ. Тоа што неговата легенда трае сe до денес, не е случајно, и се ба­зи­ра врз неговите исклучителни заслуги за градот.
Тој бил градоначалник на Скопје во два мандата: од 1929 до 1936 година, и од 1939 до 1941 година, кога починал. Во неговото време Скопје интензивно се гради, ги добива своите модерни урбани белези. Изградени се Железничката станица и На­род­на­та банка, Поштата, зградата на денешниот Парламент, водоводот Рашче, хид­ро­цен­тра­ла­та "Матка", направен е геодетски премер и урбанистички план на гра­дот, подигнати се многу станбени објекти. И тоа е само еден дел од она што е нап­ра­ве­но во неговиот период. Тој е еден од ретките градоначалници кој пред гра­ѓа­ни­те постојано држел предавања на теми од архитектурата и новото модерно об­ли­ку­ва­ње на градот.
По потекло е од Западна Македонија, роден е во с. Тресонче во 1887 година. Сес­тра­но обдарен, се сметал за еден вид инкарнација на мијачката генијалност и гра­ди­тел­ски­от дух. Во документите за него открив дека граѓаните честопати му скан­ди­ра­ле: "Да живее нашиот Мијак г. Јосиф Михајловиќ". Секогаш елегантен, во ра­ка­ви­ци, со продуховен изглед, вистински господин. Во еден запис од тоа време се ве­ли дека англискиот јазик го зборувал речиси совршено, без ниту една грешка. Не му била туѓа ниту една област од живеењето, а често другарувал со умет­нос­та и со уметниците - со Никола Мартиновски и со Лазар Личеноски. Нив особено ги консултирал ако требало нешто да се помогне во врска со зачувувањето на фрес­ки­те. Личеноски насликал и негов уметнички портрет. По конгресот на свет­ски­от ПЕН центар во Дубровник, писателите допатувале во Скопје во 1934 година ка­де што ги примил Јосиф Михајловиќ, кој одржал говор пред нив. На зачуваната фо­тог­ра­фи­ја, меѓу творците, до Михајловиќ стои францускиот писател Жил Ро­мен.
Во Скопје и денес постои раскошната семејна куќа која Јосиф Михајловиќ ја из­гра­дил во 1937 година. Подоцна, тој оваа куќа ја користел како приемна ре­зи­ден­ци­ја на градоначалникот, бидејќи просторот бил најсоодветен за таа намена. Во неа било инсталирано првото парно греење во градот. Неговиот внук инж. ар­хи­тект Драган Томовски, во едно искажување пред петнаесетина години вели дека не­го­ви­от вујко Јосиф Михајловиќ куќата самиот ја проектирал. Таа била изградена "од клепан мијачки камен во рустикален стил" од прочуени мијачки мајстори ѕи­да­ри. Ентериерот бил најмодерен за тоа време, со компонирана голема фреска со ми­јач­ки мотиви од Личеноски. Плакарите биле вградени во ѕидовите. Металните еле­мен­ти биле изработени во познатата браварска работилница на Антон Ручигај. Дол­ги години позната под името Македонска куќа, таа беше сопственост на угос­ти­тел­ско­то претпријатие "Меркез", а во неа во еден период живееја и видни по­ли­ти­ча­ри. Денес во оваа куќа под Калето се наоѓа амбасадата на Република Ал­ба­ни­ја.
Еден од плановите на Михајловиќ била и идејата за Зелен град, која посебно ја препорачувале и ја разработувале англиските урбанисти. Тој сакал да ги пошуми два­та острова на Вардар кои постоеле во тоа време - еден спроти Зоолошката гра­ди­на и Паркот, другиот во близината на тогашниот аеродром. Велел дека на ке­јо­ви­те на Вардар им е потребна побујна вегетација. Повеќето негови идеи Михајловиќ ги реализирал, некои останале само како идеја, но сето она што тој го остварил ос­та­ну­ва во богатата урбанистичко-архитектонска и духовна традиција на градот.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=AB375072C1AB7C48A9C0CDA9B520DCB6