РЕПОРТАЖА: ВЕСТ ГО ОТКРИВА МЕСТОТО КАДЕ ШТО СО ВЕКОВИ ПО­ЧИ­ВАЛ ТУРСКИОТ ВОЈСКОВОДЕЦ МЕДАХ-БАБА

Previous Topic Next Topic
 
Posted by Maketo Maketo
      Options
Спиеле врз гробот на освојувачот на Скопје

Првиот освојувач на Скопје - тур­ски­от војсководец Медах-баба со векови почивал во спалната соба на трошната куќарка ме­ѓу Сули ан и Бит-пазар во Старата скопска чаршија, а неговиот гроб е откриен деновиве, кога Општина Чаир ја урна дивоградбата во која беше скриен

Откривањето на гробот на турскиот војсководец е дел од проектот на Општина Чаир за ревитализација на Старата скопска чаршија. Во соработка со Националниот конзерваторски центар во Скопје и со турската Општина Бурса, во тек се активности за уредување на просторот околу гробот на Медах-баба

Тај­на­та на добриот ќебап не е единствената тајна која ја крие Ста­ра­та скопска чаршија. Можеби нејзините сокаци се веќе врежани во меморијата на секој скопјанец, но ретко кој знае што се крие под нив. Низ Чаршијата секој ден поминуваат илјадници луѓе за да јадат ќебапи, да пи­јат чај и да пазарѕваат во дуќанчињата, но никој досега не ја поминал пор­та­та на куќата во која со векови почива првиот освојувач на Скопје - тур­ски­от војсководец Медах-баба.
На неговиот споменик, скриен во спалната соба на трошната куќарка ме­ѓу Сули ан и Бит-пазар, со години спиело едно семејство. Куќата била дивоградба и неодамна е урната, по што гробот на славниот освојувач, конечно, излезе на ви­де­ли­на.
"Вест" во четвртокот влезе во светиот двор и откри детали за слав­ни­от Медах-баба во Скопје. За неговите големи заслуги за тогашната Отоманска империја сведок е над­гроб­на­та плоча, на која до ден-денес, иако доста уништена, се гле­да­ат буквите и јасно се чита дека Медах-баба е "освојувач на Скопје, вечен тво­рец, покоен и благопочинат"
"Во 1391-92 година Турците учествувале во освојувањето на Скопје, меѓу кои најистакнати биле Игит-паша и Медах-баба. Игит-паша ја изградил пр­ва­та џамија во Скопје на почетокот на 15 век. Во изградбата учествувал и Ме­дах-баба, па бидејќи со тек на време неговиот култ го надвладеал кул­тот на Игит-паша, се зборува дека џамијата е и негова заслуга. Таа пос­то­е­ла до земјотресот на Скопје во 1963 година, кога целосно била урната и ни­ко­гаш повторно не е обновена. ", раскажува Данило Коцевски, хроничар на Скоп­је, кој беше нашиот водич до гробот на освојувачот.
Иа­ко на гробот долго време никој не му обрнувал вни­ма­ние, освен луѓето во чија спална почивал познатиот турски херој, де­нес околу него видливи се многу остатоци од тоа време.
Ле­во од гробот се наоѓаат делови од некогашно турбе, а десно од него, пак, сe ­уш­те извира најпрочуената света вода од тоа време. Местото е ск­ри­ено длабоко во земја и покриено со железен капак, па на­ли­ку­ва на шахта, а не на лековит извор.
Де­неска од таму извира малку вода, но како што вели Коцевски, сосема доволно за да го поткрепи ве­ру­ва­ње­то дека тука живееле и работеле и св. Кузман и Дамјан, кои се познати по тоа што лекувале од разни болести.
"Спо­ред записите за Скопје од средниот век, ова е единственото место за обе­ди­ну­ва­ње на сите религии, бидејќи тука се наоѓал светиот објект на про­чу­е­ни­те Кузман и Дамјан. Голем број извори говорат дека овие светци би­ле лекари, чија моќ никој не можел да ја купи, па биле нарекувани и све­ти­те бессребреници. Кај нив на помош доаѓале сите етникуми, па затоа оваа локација денес слободно може да се рече дека е света и го обе­ди­ну­ва цело Скопје", вели Коцевски.
Ло­ка­ци­ја­та е историска и по тоа што меѓу двете светски војни тука имало и голема медреса, во која предавале познати и истакнати професори. Иако де­нес градбата е обновена и во неа работат повеќе фирми, големината на об­јектот зборува за значењето што таа го имала многу одамна.
"Го­ди­ни­те поминуваат и, нормално, Чаршијата се обновува. Но историјата ос­та­ну­ва да се памети и да се раскажува. Штета што многу малку луѓе знаат што сe крие Турската чаршија. Иако можеби голем дел мислат дека ако ја про­ше­та­ат неколку пати, веќе добро ја запознале, верувајте, таа секогаш има нешто ново и непознато што вреди да се открие. Таков е случајот со ова свето место. Среќен сум што јас можам да им го откријам на луѓето, а тоа го правам единствено затоа што сакам да прерасне во туристичка ат­рак­ци­ја за нашите граѓани и за странците што доаѓаат во Скопје", вели добриот поз­на­вач на Скопје Коцевски.
Откривањето на гробот на турскиот војсководец е дел од проектот на Општина Чаир за ревитализација на Старата скопска чаршија. Во соработка со Националниот конзерваторски центар во Скопје и со турската Општина Бурса, во тек се активности за уредување на просторот околу гробот на Медах-баба.
"Планираме достојно да го одбележиме просторот околу гробот на Медах-баба, кој со години беше скриен во дивоградба и уништуван. Но, за среќа, надгробната плоча е доста зачувана, името на освојувачот на Скопје јасно се чита. Наскоро ова место ќе биде достапно за јавноста, и очекуваме дека ќе прерасне во туристичка атракција", вели Бехиџудин Шехапи, директор на Националниот конзерваторски центар во Скопје.
Следна етапа, најави Шехапи, е уривање на околните дивоградби и целосно заживување на овој простор во Чаршијата која, по 20 години запуштеност, повторно е хит во градот.

Среде Старата чаршија извира лековита вода

До гробот на Медах-баба во Старата чаршија извира света вода. На тоа мес­то, во периодот меѓу двете светски војни, секоја година на 1 јули до­а­ѓа­ле луѓе од сите краеви и од сите вери да се измијат за здравје. Во дуп­ка­та, која денес е покриена се железен капак, тогаш фрлале парички, ориз, шеќер, свеќи, надевајќи се на лек од разни болести. Лековитата вода се пиела за срцеви болести, за ревма, главоболки, а да се напијат од неа до­а­ѓа­ле и многу жени што, од разни причини, не можеле да раѓаат деца.
Спо­ред историските податоци, во 1911 година изворот бил обновен и на­ре­чен Решадие, во чест на султанот Мехмед Решат Петти, кој се напил од из­во­рот.
На истото место света вода извира и ден-денес, но од неа никој не точи би­деј­ќи изворот е затворен и непознат за луѓето.

Ми­ле­на Ѓорѓиевска
фо­то: Д. Перковски

http://www.vest.com.mk/?ItemID=5602F41D393A4344A99DA5558EE30D73