ЕКСКЛУЗИВНА ИЗЈАВА НА КОЛУМБИСКАТА ПОП-SВЕЗДА НА КОНЦЕРТОТ ВО БЕРЛИН: И Шакира сака да биде Македонка

Previous Topic Next Topic
 
Posted by Maketo Maketo
      Options
-Шакира е преубава, преубаво пее и танцува стомачен танц од кој паѓате во делириум, се импресииите на Живкица Ѓурчиновска, Тв и радио водителка и на Александар Билјановски- Дадар, мејк-ап артист, од концертот на поп-иконата од Латинска Америка, во Бе

-Шакира е преубава, преубаво пее и танцува стомачен танц од кој паѓате во делириум, се импресииите на Живкица Ѓурчиновска, Тв и радио водителка и на Александар Билјановски- Дадар, мејк-ап артист, од концертот на поп-иконата од Латинска Америка, во Берлин, Германија. Берлин е втора станица од нејзината европска турнеја "Орал Фиксатион" што ја спонзорира шпанскиот автомобилски бренд "Сеат" и која завршува на 18 март. Живкица и Дадар на концертот беа ВИП- гости од Македонија на увозникот на "Сеат" во Македонија, "Ка-дис" од Скопје.
На прес-конференцијата во Берлин на кој присуствувале над петстотини новинари од целиот свет, на Шакира, како најтиражна колумбиска пејачка на сите времиња со продадени околу 50 милиони копии од албумите, организаторот дозволил да и се постават само четири прашања. Живкица Ѓурчиновска, како што ни изјави, и го поставила најпровокативното: Дали има македонско потекло?" откако на познатиот веб портал њњњ.имдб.цом било наведено дека таа е од Колумбиско, Либанско и Македонско потекло.
- Шакира ми одговори со смеење дека е пра,пра,пра внука на пра, пра,внукот на Александар Велики... за потоа да ми објасни дека за жал, тоа не е точно, но би сакала да има македонски корени, ни изјави Живкица која ексклузивното интервју со Шакира ќе го емитира во нејзината нова емисија "Но лимитс" на телевизија Сител.
-Колумбиската sвезда на пресот беше доста уморна и ненашминкана, и изгледаше како девојка од соседството, но вечерта на концертот блесна со сиот свој сјај и умешност, ни изјави Дадар.
Нашите соговорници како ВИП-гости на сите коктели и случувања околу концертот, велат постојано биле следени од фотографи и сниматели, а ќе го запаметат и враќањето во Скопје со автомобил.
- Доручкувавме во Берлин, пиевме кафе во Австрија, ручавме во Словенија, пиевме кафе во Хрватска и вечеравме во Србија. Ретко такво нешто ќе се повтори, ни изјавија тие.
Шакира која денес полни 30 години е добитничка на две греми награди и 8 латински грами награди. Огромна поп икона во латинска америка е уште од средината на деведесетите. Првиот албум "Лондри сервис"(за англискиот пазар) се проби на американскиот со продадени 3.5 милиони копии во САД и 15 милиони копии во светот. Единствена пејачка е од Колумбија која стигнала на првото место на Билборд топ 100 и Британската сингл листа. Пред да се појави на светскиот пазар таа има издадено 4 албуми и три отогаш. Последен е "Орал Фиксејшн 1 и 2" од 2005 кој дебитираше на прво место на албумската листа во Шпанија и на 4 на Билборд топ 200. Номинирана е за претстојните Греми награди со "Хипс донт лај" заедно со Вајклеф Жан. Наскоро треба да се појави во дует со Бијонсе со песната"Бјутифул лајар".

(Л.С.)

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=130546&idg=7&idb=1986&rubrika=%40ivot